Синоќа од Рома официјално објавија дека постигнале договор со Бордо за офанзивниот играч од средниот ред Малколм.
Рома и „Жирондинците“ си подале рака за трансфер цена од 36 милиони евра. Самиот 21-годишен играч, исто така, се согласи да се пресели на „Олимпико“. Околу 50 навивачи на Рома дури го чекале Бразилецот на аеродромот.
Во последен момент, агентите на Малколм, наместо да се упатат кон Рим, се одлучиле да полетаат за Барселона каде требало да ги договорат личните услови од договорот на овој играч. Барселлона за да ја добие битката со Рома за овој играч понудила 41 милион евра на Малколм.
На крајот на краиштата, нема потпишан договор па Бордо и фудбалерот можат да ги остават Италијанците и да преговараат со каталонскиот клуб.