Аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала се приклучи на Рома со слободен трансфер. Клубот на својата страница на Твитер објави фотографија од Аргентинецот.
Клучен фактор за трансферот на фудбалерот бил тренерот на Рома, Португалецот Жозе Мурињо, кој го повикал играчот и разговарал за проектот што клубот го гради.
Фудбалерот потпиша договор до јуни 2025 година, кој вклучува ослободителна клаузула, објави новинарот Фабрицио Романо на својот Твитер.
Дибала беше на слободен откако не успеа да се договори за продолжување на договорот со Јувентус. Како дел од овој клуб, Аргентинецот настапуваше од 2015 година, на 293 натпревари постигна 115 гола и даде 48 асистенции.
Претходно Дибала беше во преговори со Интер, а интерес имаше од Наполи, како и неколку клубови во Англија.

