Рома го продолжи договорот на аргентинскиот дефанзивец Федерико Фацио до летото 2021 година.
32-годишниот централен дефанзивец ги брани боите на римскиот клуб во текот на изминатите три сезони, одигрувајќи 135 натпревари во кои постигна 11 гола и 3 асистенции. Во својата кариера во Европа играше за шпанска Севиља и англиски Тотенхем.
„Ова е мое второ продолжување на договорот со клубот и јас сум многу задоволен. Од првиот ден овде чувствувам дека клубот верува во мене. Сакам да останам долго време”, рече Фацио по продолжување на соработката со Рома.