Раководството на Рома има намера да го ангажира Антонио Конте на местото тренер на екипата доколку Жозе Мурињо го напушти тимот.
Со оглед на тоа што иднината на Мурињо во римскиот клуб се уште е неизвесна, газдите веќе почнаа да бараат алтернатива. Една од приоритетните опции е актуелниот менаџер на Тотенхем, Антонио Конте, кој би можел да добие отказ во блиска иднина. Се верува дека Конте има намера да се врати во италијанската Серија А. Проблем за челниците на Рома може да биде високата посакувана плата на Контет, пишува „Кориере дело Спорт“.
Според медиумите, Жозе Мурињо во последните месеци е интересен за неколку европски врвни клубови, меѓу кои Реал Мадрид и ПСЖ.
Португалскиот стрчњак има договор со Рома до јуни 2024 година.