Рома е во интензивни разговори со украинскиот гигант Шахтјор (Донецк) за привлекување на бразилскиот репрезентативец Тајсон, а веста ја објави агентот на играчот.
31-годишниот фудбалер е можеби најважната фигура во составот на Шахтјор, но би можел да го смени клубот во наредните денови.
„Има голем интерес од Рома за Тајсон. Самиот факт дека Пауло Фонсека е предводник на клубот навистина многу помага. Има разговори помеѓу двата клуба, но сè уште не е решено. Остануваат уште неколку дена до крајот на трансфер периодот”. објави медиумите во Украина и Италија.
Оваа година, 31-годишниот Тајсон има пет натпревари за Шахтјор во кои постигна два гола и асистираше за уште четири.