Рома и Фиорентина се опции за идниот клуб на Маурицио Сари. Според „Газета дело Спорт“, сепак, има два проблеми со назначувањето на тренер.
Сари беше отпуштен од Јувентус во текот на летото, но има договор со „бјанконерите“ на уште две години. Еден од неговите најблиски пријатели рече дека лесно може да се ослободи од договорот.
Двата проблеми се различни. Еден од нив е платата на тренерот, бидејќи минатата сезона добиваше 5,5 милиони, сума што тешко ќе ја платат Рома и Фиорентина. Другиот проблем е дека самиот Сари нема желба да преземе клуб откако сезоната е веќе почната. Пред неколку години, тој откри дека никогаш повеќе нема да прифати таква опција.

