Рома и Интер тврдат дека ги договориле услугите на играчот од средниот ред на Каљари, Николо Барела . Римскиот клуб веќе се договорил со Каљари за трансферот, но самиот играч сака да оди во Интер, објави „Калчомеркато“
Според истата информација, од Рома направиле поповолна понуда од Интер. Истовремено, челниците на клубот од Милано, исто така, имаат предност, бидејќи претходно се согласија со условите кои ги барал Барела.
Николо е играч кој потекнува од младинската екипа на Каљари. Тој почна да игра за првиот тим во 2014 година. Сегашниот договор на 22-годишниот италијански играч од средниот ред е со важност до 30 јуни 2022 година.
Минатата сезона Барела постигна 1 гол и имаше 3 асистенции на 35 натпревари за каљари во шампионатот во Италија.

