Рома денеска го објави очекуваниот трансфер на дефанзивецот Даниеле Џиларди. Тој доаѓа од Верона за 10,5 милиони евра, со уште еден милион во вид на бонуси. Официјално, договорот е структуриран како позајмица за една сезона со опција за откуп.
Сепак, Верона ќе добие само половина од сумата, бидејќи поради посебна клаузула, другите 50% одат кај претходниот клуб на играчот – Фиорентина. Во 2022 година, Џиларди пристигна од „Артемио Франки“ за само 380.000 евра, но со овој услов во договорот.

