Рома и Севиља контактирале со претставници на Торино и напаѓачот Андреа Белоти, пренесува Фудбал Италија.
Белоти се обидува да преговара за продолжување на неговиот договор што истекува следната година. Торино сака да го продаде играчот за 20 милиони евра, иако Рома е подготвена да понуди 15-18 милиони евра за напаѓачот.
Новиот тренер на Рома, Жозе Мурињо, сака да го види Белоти во својата екипа, а доколку не успее во тоа , тогаш ќе се сврти кон играчот на Зенит –Азмун Сердар.
Сепак за реализација на овие трансфери се зависи и од тоа дали ќе може да го продадат Един Џеко. Доколку клубот успее да го продаде Босанецот, тогаш тој ќе може да потроши голема сума за купување на нов напаѓач.