23-годишниот дефанзивец, Дан-Аксел Загаду, кој во текот на летово си замина како слободен играч од Борусија Дортмунд, може да добие понуди англискиот Вест Хем и италијанската, Рома.
Весникот – „The Sun“, објави, дека „чеканите“ ќе мора да испратат подобра понуда од „волчицата“ која покажува дека е сериозно заинтересирана за потписот на дефанзивецот.
23-годишниот Французин во претходната сезона одигра само 15 мечеви за „милионерите“.