Актуелниот тренер на екипата на Рома, Еузебио Ди Франческо, потврди дека има доста проблеми со повредените фудбалери во пресрет на реваншот со Ливерпул следната недела во полуфиналето од ЛШ.
Диего Пероти сигурно нема да се појави на реваншот во среда, а неизвесен ќе биде и настапот на Холанѓаецот, Кевин Стротман. И двајцата ќе бидат под посебен надзор во наредните неколку дена.