Италијанскиот тим Рома ја заврши последната финансиска година (која заврши на 30 јуни 2025 година) со загуба од 53,9 милиони евра – најдобар резултат на клубот од сезоната 2018/19, објави „Калчо е Финанца“.
Во пртходната година (на 30 јуни 2024 година), загубите на Римјаните изнесуваа 81,4 милиони.
Се очекува загубите на Рома да продолжат да се намалуваат во тековната финансиска година, но загубата е неизбежна.
Под водство на американскиот бизнисмен Ден Фридкин (од август 2020 година), вкупните загуби на клубот изнесуваат 643 милиони евра.

