Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Маурицио Сари, нема да го планира во новата сезона дефанзивецот, Даниле Ругани, кој добил зелено светло да ги напушти редовите на „старата дама“.
„Тутоспорт“ денеска објави дека 25-годишниот играч од одбраната ќе биде испратен на позајмица во Рома а во неговиот договор ќе има клаузула дека „римската волчица“ ќе може да му ги откупи правата на крајот од сезоната за околу 25 до 30 милиони евра.
Според најавите од Торино пред излезната врата се наоѓаат и : Марио Манџукиќ, Гонзало Игуаин и Пауло Дибала.