Италијанскиот тим Рома ќе направи измени во својот напад до крајот на летниот преоден рок, јавува „Газета Дело Спорт“.
Чехот Патрик Шик ќе се пресели со позајмица до крајот на сезоната во РБ Лајпциг, а негова замена ќе биде хрватскиот напаѓач Никола Калиниќ од Атлетико Мадрид.
23-годишниот Шик веќе ги договорил личните услови и ќе добие плата од 2,8 милиони евра во клубот од Бундес лигата, кој ќе плати 5 милиони евра на Римјаните за периодот на позајмицата.
Никола Калиниќ немаше шанса да игра во стартниот состав на Атлетико Мадрид по доаѓањето на Мората, Диего Коста и Жоао Феликс во екипата од „Ванда Метрополитано“ и затоа побара трансфер.