Рома ќе му понуди нов договор на својот најдобар стрелец Един Џеко. Босанскиот интернационалец постигнаа 24 гола за „волчицата” во сите натпреварувања оваа сезона, вклучувајќи ги и оние осум во Лигата на шампионите.
Џеко има договор со Рома до 2020 година, но раководството на Римјаните ќе се обиде да го задржи уште една година, информираше „Газета Дело Спорт“.
Рома брза да го продолжи договорот на Џеко и поради информациите за понудата кон играчот од страна на Лос Анџелес, кој има потреба од големо име за да излезе од сенката на градскиот ривал Лос Анџелес Галакси.