Раководството на Рома започна со работа за продолжување на договорот на Лоренцо Пелегрини, пренесува „Кориере дело Спорт“.
Играчот од средниот ред е еден од најбараните играчи на тимот и има откупна клаузула од 30 милиони евра во неговиот договор.
Ова е токму она што го натера раководството на Рома да му понуди на Пелегрини нов договор со подобри финансиски услови, додека клаузулата, која се чини дека е доста мала во однос на трансферите во последните години, ќе биде укината. Тековниот договор на Пелегрини истекува во летото 2022 година.

