Полскиот фудбалски репрезентативец, Аркадиуш Милик, може да го напушти составот на Наполи и да потпише за екипата на Рома наведуваат одредени информации кои доѓаат од Италија.
Наводно, „римската волчица“ ќе плати за трансферот околу 25 милиони евра додека самиот фудбалер ќе добие договор за пет сезони со годишна плата од 4,5 милиони.
Напаѓачот на Наполи во претходната сезона одигра 35 натпревари со ефект од 14 голови.