Претседателот на Рома Џејмс Палота, ќе донира 150.000 евра за семејството на навивачот на Ливерпул, Шон Кокс, објавија на твитер профилот од италијанскиот клуб.
Парите ќе бидат наменети за покривање на медицински трошоци за рехабилитација на англиски навивач. Поддржувачот на Ливерпул Шон Кокс заработи повреда пред натпреварот против Рома (2:5) во Англија од полуфиналето на Лигата на шампионите во сезоната 2017/2018.
Во моментов, лекарите се обидуваат да го извадат 53-годишниот навивач од медицинска кома. Овој навивач се наоѓа во Ливерпул, во центарот за неврологија и неврохирургија.
