Челниците на Рома немаат намера да се разделат со голманот Алисон, кој во последните месеци стана трансферна цел на доста водечките клубови во Европа, на чело со Реал Мадрид и Ливерпул.
Бразилскиот репрезентативец има одлични настапите оваа сезона, но во секое свое интервју нагласува дека е среќен во Рим и би се радувал да остане во составот на „волчицата”.
За да го стори тоа, клубот планира да му понуди нов договор со значително подобри финансиски услови. Според медиумите во Италија, во Рома се подготвени двојно да ја зголемат платата на Алисон, за да го продолжи договорот.
Ако двете страни се договорат, голманот ќе остане во Рома до 2023 година, а платата ќе му скокне до 3 милиони евра годишно.