Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Рома нема да го донесе Ругани од Јувентус
    Фудбал

    Рома нема да го донесе Ругани од Јувентус

    risteBy riste23/08/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Засилувањето на одбраната на Рома по заминувањето на Костас Манолас останува приоритет за клупското раководство.

    Од Рома сакаат да го привлечат Даниеле Ругани од Јувентус, но најновите информации се дека разговорите за договор се неуспешни. Причината е што од Јувентус првично побараа 30 милиони евра, но потоа ги сменија условите, барајќи 24 милиони евра плус правата на младите Алесио Рикарди и Жан Челар.

    Сепак, Рома го проценуваат дуото на 14 милиони, со што конечната сума изнесува 40 милиони – премногу според Рома. Самиот Рикарди објави пост на социјалните мрежи во кои стави до знаење дека не сака да ја напушта Рома и да замине во Јувентус. Челар пак е за цела сезона позајмен во Цитадела.

    Во исто време, римскиот клуб е заинтересиран за дефанзивецот на Гремио Валтер Канеман. Аргентинецот, кој исто така има 5 натпревари за репрезентацијата на својата земја, вреди 10 милиони евра. Канеман е исто така трансферна цел на Фиорентина.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот

    29/09/2023

    ФК Вардар: Постои потенцијален инвеститор, но државата не реагира на нашите барања

    29/09/2023

    Стив Брус ќе биде нов селектор на Р. Ирска?

    29/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот
    • ФК Вардар: Постои потенцијален инвеститор, но државата не реагира на нашите барања
    • Рустемовски освои бронза на Балканското првенство
    • Стив Брус ќе биде нов селектор на Р. Ирска?
    • Мурињо: Ова е најлош почеток на една сезона во мојата кариера
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.