Младата ѕвезда на Рома, Ченгиз Ундер ќе го продолжи својот престој на “Олимпико” до летото 2023 година, објавија италијанските медиуми.
Спортскиот директор на клубот, Мончи и агентот на напаѓачот Рамадани, постигнале согласност за продолжувањето на договорот на играчот.
Со подобрени услови, 21-годишниот турски репрезентативец ќе добие 1,8 милиони евра годишно, а ќе се обврзе на верност кон клубот и вонаредните 5 сезони.