Тренерот на Рома, Еузебио ди Франческо, потврди дека нема да може да смета на Робин Олсен и Костас Манолас во натпреварот против Киево кој се игра во петок. Двајцата имаат мали повреди.
„Олсен ќе го пропушти утрешниот натпревар поради мала повреда, истото важи и за Манолас. Но, се надеваме дека и двајцата ќе бидат во составот за натпреварот против Порто во вторник во Лигата на шампионите. Ние ќе ја следиме состојбата на Де Роси, бидејќи тој сеуште не е 100 проценти здрав. Жуан Жесус тренира со нас и тој е добар. Треба да бидеме внимателни со Карсдроп во следните неколку натпревари. Тој многу се залага на тренинзите. Шик исто така покажува дух и желба. Двајцата утре ќе бидат во стартниот состав. Истото важи и за Џаниоло. Изгледа свежо, во убава физичка и ментална форма, но има работи што треба да се поправат. Со текот на времето, тоа ќе биде уште по важна фигура за нас”, рече Ди Франческо.