Рома со сите сили се обидува да го ангажира поранешниот напаѓач на Јувентус, Пауло Дибала.
Според новинарот Цезар Луис Мерло, римјаните се вратиле во борбата за Аргентинецот и му понудиле четиригодишен договор со плата од шест милиони евра годишно.
Сега ова е единствената официјална понуда што ја има добиено 28-годишниот напаѓач.
Дибала нема разговори со Интер повеќе од еден месец.