Италијанскиот тим Рома објави дека постигнале договор со Манчестер Јунајтед за трансфер на Џејдон Санчо. Трансферот ќе биде со вкупна вредност од 22 милиони евра.
Понудата на „Волчицата“ е за почетна позајмица со задолжителна откупна клаузула. Сега Римјаните преговараат за личните услови на играчот, а нивната понуда е за договор до 2030 година.
Имаше интерес за Санчо од Бешикташ, но играчот нема желба да игра во Турција. Јувентус сакаше да го потпише минатото лето, но нема да направи никакви обиди да го потпише сега.
Минатата сезона, Санчо играше на позајмица во Челзи. Договорот помеѓу Манчестер Јунајтед и Лондончани имаше задолжителна откупна клаузула, но „сините“ не ја исполнија, претпочитајќи да платат финансиска отштета.

