Раководството на Рома го обнови интересот за напаѓачот на Сасуоло, Доменико Берарди. Тренерот Еузебио ди Франческо добро го познава квалитетот на овој играч од престојот во Сасуоло и има желба повторно да работи со него.
Досега од Сасуоло инсистираа да добијат минимум 40 милиони евра за правата на Берарди, но од „Волчицата“ не беа подготвени да платат ваква сума. Сега сепак двата клуба ги обновиле преговорите, а од Сасуоло имаат тенденција сериозно да ги намалат своите барања и да побараат многу пореална цена за играчот. Значи, можноста да се склучи договор станува сè поголема.
Од Рома се подготвени да им понудат одредени играчи и плус пари за да дојдат до некоја прифатлива цена на напаѓачот.