Рома преговара со Бешикташ за хрватскиот репрезентативец Домагој Вида. Според медиумите во Италија, разговорите се во напредна фаза и дефанзивецот е многу веројатно да ја доигра сезоната во Серија „А“.
29-годишниот дефанзивец отиде од Динамо Киев во Бешикташ во јануари минатата година, но по неговиот добар настап на Светското првенство, интересот за него беше многу голем.
Информациите од Италија велат дека Вида им бил понуден на Интер и Фулам, но сепак им се видел многу скап на двата клуба.