Пред натпреварот кој се игра вечерва во Рим на „Олимпико“ меѓу Рома и Ливерпул , еве неколку интересни факти за актерите на ова второ ½ финале кое треба да ни го даде вториот патник за Киев.
* Рома веќе има победа на „Олимпико“ против англискиот тим оваа сезона – беа подобри од Челзи со 3:0 во групната фаза
* Римјаните имаат добиено четири од последните пет домашни натпревари против тимови од Премиер лигата.
* „Волчицата” во оваа сезона веќе елиминираа еден тим, откако имаа негатива од три гола по првиот натпревар. Во ¼ финалето дојдоа до победа од 3:0 над Барселона пред своите гледачи, откако загубија со 1:4 на „Камп Ноу“.
* Рома победи на само шест од последните 26 натпревари во Лигата на шампионите.
* Римјаните не примија гол на своите пет домашни натпревари оваа сезона.
* Рома четири пати во историјата морала да ги решава натпревари од елиминациска фаза во еврокуповите по изведување на пенали – една победа и три порази.
* Ливерпул нема пораз во Лигата на шампионите оваа сезона.
* Црвените четири пати поминатаа во следна фаза, а двапати беа елиминирани во дуелите со италијански тимови во еврокуповите.
* Црвените имаат 10 победи, 5 нерешени и 11 порази во натпреварите со тимови од Серија „А”, но загуби само при едно од последните седум гостувања во Италија (3 победи).
* Ливерпул продолжи понатаму пет пати кога го добил првиот домашен натпревар со три гола разлика.
* „Црвените” четири пати игралче на пенали во натпревари од елиминационата фаза на еврокуповите и имаат 3 победи и 1 пораз.