Челниците на фудбалскиот состав Рома планираат да му понудат нов договор на младиот играч Лоренцо Пелегрини, објавија италијанските медиуми.
Фудбалерот на „волчицата“ кој игра блескаво од почетокот на сезоната исто така беше повикан и во националниот тим на Италија. За него во текот на летото се шпекулираше дека може да се пресли во Милан, но, тоа не се случи.
Сега со новиот договор неговата откупна клаузула ќе биде зголемена на 30 милиони евра. Тековниот договор на Лоренцо со италијанскиот клуб е валиден до јуни во 2022 година.