Тимот на Рома е многу близу до ангажманот на францускиот играч од средниот ред Стивен Нзонзи.
Светскиот шампион со Франција е силно посакуван од од „Олимпико“, но за неколку недели челниците на Рома и Севиља не успеаја да се договорат за цената на играчот. Вчера, имаше информации дека Нзонзи контактирал со претставници на ПСЖ со тоа што се согласил да се приклучи на шампионот на Франција.
Од Рома побрзаа да се согласат со Севиља и ќе платат скоро 33 милиони евра. Износот е речиси исто како и висината на откупната клаузула од 35 милиони евра.
Нзонзи ќе наполни 30 години во декември, но ќе потпише 4-годишен договор со Рома. Неговата годишна плата ќе изнесува 3,5 милиони евра, плус бонуси. Французинот се очекува да отпатува во главниот град на Италија во текот на денешниот ден, каде што ќе ги помине медицинските прегледи.