Од Рома внимателно ја следат ситуацијата со крилото на Севиља Пабло Сарабија. Тој има договор со тимот од Андалузија до 2020 година и во моментов не може да се договори со челниците на клубот за обновување на истиот.
Во исто време 26-годишниот Шпанец има одлична сезона, зад своето име има постигнато 21 гол во 47 натпревари. Можеби најдоброто нешто за Рома е тоа што тој има клаузула за заминување во вредност од 18 милиони евра, сума која нема да биде никаков проблем за италијанскиот тим.
На „Олимпико“ ќе направат сериозен избор на играќо во текот на летото по разочарувачката сезона што ја има тимот. Сигурно ќе има и доста играчи кои ќе ја напуштат Рома, се зборува дека клубот ќе се раздели и со водечкиот голгетер Един Џеко.