Уште еден италијански клуб е заинтересиран за Марио Геце. Се очекува 27-годишниот играч од средниот ред да ја напушти Борусија Дортмунд по крајот на сезоната, а се појавијаја информации дека тој може да се пресели во Интер или Наполи. Рома сега е меѓу кандидатите за потписот на играчот кој стана светскиот шампион во 2014 година.
„Кориере дело Спорт“ тврди дека спортскиот директор на Рома, Џанлука Петраки, веќе разговарал со агентот на Геце. „Билд“ додава дека поранешниот германски репрезентативец сигурно повеќе би ја прифатил понудата од Рома, отколку оние од МЛС лигата или Катар.
Геце имаше повреди во последните години и е далеку од совршена форма. Тој оваа сезона има 13 натпревари и 3 гола во Бундеслигата.
Неодамна, легендата Лотар Матеус рече дека Геце мора да оди во еден скромен клуб и да прифати помала плата за да има шанса да ја оживее кариерата.

