Италијанскиот фудбалски состав, Аталанта, се пофали на социјалните мрежи дека е склучен договор за ангажман на играчот од средниот ред на Парма, Валентин Михаила.
21-годишниот фудбалер ги напушти „млекарите“ и замина на позајмица до крајот на сезоната. Екипата од Бергамо ќе има опција да го откупи неговиот договор во текот на летото.
Во исто време се шпекулира дека Аталанта би можела да го пушти Алексеј Миранчук да замине во редовите на Лацио.