Фудбалскиот состав на Фулам која се врати во Премиер лигата, сака да го ангажира капитенот на Милан, Алесио Ромањоли, кој за една недела ќе биде слободен играч.
Лондончани на 27-годишниот дефанзивец ќе му понудат плата од 4 милиони евра.
Според информациите, Ромањоли, доколку не ја продолжи соработката со „росонерите“, сака да остане во Италија и да направи трансфер во Лацио.

