Напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси нема да го продолжи договорот со парискиот тим и ќе го напушти клубот на крајот од сезоната. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо на Твитер.
Претходно беше објавено дека раководството на ПСЖ се уште е заинтересирано за продолжување на договорот со 35-годишниот фудбалер кој го претставува нивниот клуб од 2021 година. Сепак, страните не можеа да се договорат, па Меси најверојатно ќе се врати во Барселона или кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.
Меси, кој со ПСЖ ја освои титулата во Франција, го повтори рекордот на Дани Алвеш за најмногу освоени трофеи. Аргентинецот сега има 43 трофеи, а во иднина може да го подобри рекордот на Бразилецот, кој во моментов е во притвор.