Напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси преговара за нов договор само со францускиот клуб. Ова го пренесува новинарот Фабрицио Романо.
„Не сум сигурен дека ситуацијата се променила. Меси сега е во преговори само со ПСЖ, имаа средба со неговиот татко Хорхе и исто така потврди дека во моментов нема понуди од Барселона. Тоа беше само воведен состанок со ПСЖ – ќе следи повеќе во наредните недели за да се одлучи за деталите од новиот договор, вклучувајќи ја платата, должината на договорот и друго. Сега се раните фази од преговорите“, беа зборовите на Фабрицио Романо.
Лионел Меси е во ПСЖ од 2021 година. Договорот меѓу двете страни истекува на крајот од сезоната.