Новинарот, Фабрицио Романо, најавува дека Арсенал го договорил голманот на Брентфорд, Дејвид Раја.
Фудбалерот ја прифатил понудата на лондончани иако за неговите услуги е заинтересиран и германскиот, Баерн Минхен. -Давид Раја ги договори личните услови со Арсенал. Тоа е само вербално и ништо не е потпишано, откри Романо.
-Пред само неколку дена кажав дека Раја го претпочита Арсенал отколку Баерн. Причината е што Баерн го сака само на позајмицa, додаде Романо.