Новинарот, Фабрицио Романо, во последната објава се насочи кон голманот, Давид де Геа, кој по заминувањето од Манчестер Јунајтед сеуште нема обезбедено нов клуб.
„Тој се уште не донел одлука. Засега не брза да најде нов тим и претпочита да поминува време со семејството. Ништо не се промени од октомври кога не беше импресиониран од понудите што ги доби во последните недели од преодниот рок“ – изјави Романо.
Во меѓу време, се појавија одредени шпекулации дека Шпанецот е интересен за клубови од Саудиска Арабија и од Англија.