Романските навивачи пред крајот на вчерашната средбата со Косово започнаа да скандираат „Косово е Србија“ по што реагираше полицијата која ги избрка од стадионот – „Фадиљ Вокри“.
Со оглед на политичката конотација на инцидентот, Романците се соочуваат со сериозна казна од УЕФА која не дозволува политички скандирања на натпреварите.
Мечот беше одигран во рамките на квалификациите за Европското првенство во 2024 година.