Потпретседателот на Барселона, Едуард Ромеу, ги коментираше гласините за можна оставка на тренерот на тимот, Роналд Куман.
„Прашањето за Куман не беше поставено на одборот на директори. Наидовме на многу тежок противник во најлошото време. Со отпуштање на Куман, ќе направиме чекор назад. Би било нелогично“, изјави Ромеу за весникот „АС“.
Претходно беше објавено дека неколку членови на бордот на директори на Барселона побарале разрешување на Куман. Минатиот месец, претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, ја доведе во прашање соработката со Куман. Сегашниот договор на холандскиот тренер со Барселона е до 2022 година.
Да потсетиме, во првото коло од групната фаза во Лигата на шампионите, Барселона загуби од Баерн со резултат 0:3, па тоа ги натера медиумите во Шпанија да почнат со пишувања околу можната оставка на Куман.