Ѕвездата на Јувентус Кристијано Роналдо ја санирал повредата на мускулот на десната нога и ќе биде на располагање за првиот четвртфинален натпревар од Лигата на Шампионите против Ајакс на 10 април, соопштува венсикот „Марка”.
Роналдо е подготвен да се врати на теренот уште во сабота за дербито со Милан во Серија „А“, но од стручниот штаб на Јувентус не сакаат да ризикуваат, бидејќи „бјанконерите” имаат солидна предност од 18 поени на врвот на табелата во италијанското фудбалско првенство на осум кола пред крајот на сезоната.
34-годишниот Португалец се повреди во евро-квалификациите, на мечот против Србија на 26 март. Тој има постигнато 24 гола и 12 асистенции во 36 натпревари за Јувентус во оваа сезона.