Поранешниот фудбалер на Барселона, Роналдињо , вели дека Каталонците го имаат потребниот квалитет за да се вратат на врвот во шпанскиот и европскиот фудбал.
„Барса има одличен тренер и фантастични нови играчи. Младите се на многу високо ниво“ изјави Роналдињо за Мундо Депортиво. Бразилецот доби прашање дали Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња.
„Тешко е да се каже бидејќи има многу одлични играчи. Не сакам споредби. Светот виде фудбалери како Марадона, Пеле и многу други“ – потенцираше Бразилецот.