Поранешниот бразилски репрезентативец, носител на „Златната топка“ Роналдињо беше ослободен од притвор во Парагвај.
На 5 март, парагвајски обвинител издал налог за апсење на Бразилецот, кој е осомничен дека влегол во земјата со фалсификувани документи. Полицијата изврши рација во хотелската соба каде престојуваа Роналдињо и неговиот брат.
„Роналдињо и го покажа на полицијата бразилскиот пасош и личната карта. Ако сакаше да скрие нешто, не би го сторил тоа. Роналдињо и неговиот брат ги имаат сите права и слободи, но донесена е одлука да останат во Парагвај чекајќи судска одлука. Тој е свесен дека може да биде обвинет. Тој не сторил никакви кривични дела“, изјави адвокатот на поранешниот фудбалер.
Да потсетиме дека, Роналдињо има блокирано 57 недвижнини во Бразил, поради казна што обвинителот му нареди да ја плати. Од Бразилецот се бара да плати 2,3 милиони евра за штета на животната средина за време на изградбата на недвижен имот во Порто Алегри.