Поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец, Роналдињо, откри дека на прв поглед проценил дека ќе има успешна кариера во шпанската Примера дивизион.
Легендарниот напаѓач кој премина од Пари Сен Жермен во Барселона, објасни дека играта во Франција била повеќе потчинета на силата и корпулентноста на фудбалерите додека во Шпанија главен сегмент е техниката.
„Во Лига 1 има многу фудбалери од Африка, кои се високи и здрави момчиња. Кога пристигнав во Шпанија, направив споредба со какви фудбалери ќе играм и веднаш си помислив, тука ќе имам успех”- изјави Роналдињо кој во кариерата има настапувано за: Гремио, Милан, Атлетико Минеиро, Керетаро и Флуминенсе.