Португалската супер ѕвезда Кристијано Роналдо изјави дека изминатата година е најдобрата во неговата кариера.
Потсетуваме дека голгетерот не ја освои „Златната топка” на „Франс Фудбал”, ниту наградата за број 1 на ФИФА. Мегаѕвезда на Јувентус призна дека во Италија потешко се постигнуваат погодоци, отколку во Шпанија.
„2018 година беше најдобра во мојата кариера. Во Серија „А” ми ставаат директен чувар, на што сум навикнат од шпанскиот шампионат, но тука слободниот простор е помал, бидејќи сите тимови имаат одлична одбрана. Секој во Торино се однесува на фантастичен начин со мене. Се е одлично. Јас немам идеја каде ќе завршам кариерата, планирам да продолжам да играм уште долго време”, изјави популарниот „CR7“.