Кристијано Роналдо им даде навистина многу големи барања на раководните луѓе на Реал Мадрид, што го прави неговото напуштање на кралскиот клуб многу веројатно.
Португалскиот голгетер побарал да добива годишна плата во износ од 75 милиони евра, за да се согласи да продолжи да игра за Кралскиот клуб, соопштија медиумите од Шпанија. По финалето во Лигата на Шампионите против Ливерпул, Кристијано Роналдо посочи дека ова лето ќе го напушти Мадрид.
При последните разговори со раководството на клубот играчот побарал преголема сума од 75 милиони евра годишно како плата. Роналдо во моментов заработува 21 милион евра годишно.