Супер-ѕвездата на Португалија, Кристијано Роналдо, ги повика навивачите да ја поддржат репрезентацијата во првиот натпревар против Демократска Република Конго на светскиот шампионат.
„Секој пат кога ќе го облечеме овој дрес, чувствуваме иста гордост, иста страст и иста одговорност како на првиот ден“, напиша Роналдо на социјалните мрежи.
„Започнува ново поглавје. Време да дадеме сè од себе за нашата земја и за сите оние кои нè поддржуваат. Верувајте како што веруваме ние! , додаде Кристијано.

