Ѕвездата на екипата на Јувентус, Кристијано Роналдо го изрази и своето мислење за наградата „Пушкаш“ за најубав гол з аминатата сезона која му припадна на Мохамед Салах. Португалецот смета дека неговиот гол кој беше во конуренција за наградат абеше поубав од оној на победникот.
„Салах заслужи да ја освои наградата Пушкаш, но мислам дека неговиот гол не беше најубав. Да бидеме искрени и да не се лажеме – мојот гол беше подобар од неговиот“, изјавил Роналдо.
Во меѓувреме, Роналдо му честиташе и на поранешниот соиграч Лука Модриќ, кој ја зграпчи наградата за најдобар фудбалер за изминатата сезона.
„Честитки за Модриќ. Наградите се важни, а јас ги имам многу. Играм за победа, а не за награди“, изјавил Роналдо.
