Бразилската легенда, Роналдо, се обиде да прогнозира за претстојната сезона во Лигата на фудбалските шампиони. Тој верува дека ПСЖ со ангажманот на Меси, се наметнува како фаворит број еден за освојување на пехарот.
„Прерано е да се каже кој ќе ја освои Лигата на шампионите. Сликата ќе започне да се формира во 1/4 финалната фаза. ПСЖ е во преден план, многу фактори влијаат на исходот на теренот“ – вели Роналдо де Лима.
„Играв речиси 5 сезони во Реал Мадрид во тимот наречен –„ Галактикоси“, но, никогаш не ја освоив Лигата на шампионите. Победите никогаш не доаѓаат автоматски, дури и ако ги имате најдобрите играчи во вашиот состав“ – искоментира легендарниот фудбалер од Бразил.