Португалија денеска ќе му гостува на Лихтенштајн во првиот квалификациски натпревар за Европското фудбалско првенство 2024 година. 38-годишната суперѕвезда н апортугалскиот фудбал, Роналдо, доколку добие шанса да игра против Лихтенштајн, ќе остане запишан во историјата како играч кој одиграл најмногу репрезентативни натпревари, достигнувајќи бројка од вкупно 197 со националниот тим на Португалија.
Роналдо засега го дели овој рекорд со најдобриот стрелец на Кувајт, Бадер Ал-Мутава со 196 настапи. Роналдо дебитираше за португалската репрезентација на пријателски натпревар против Казахстан во 2003 година.
Минатиот септември Роналдо го престигна Иранецот Али Даеи на листата на репрезентативци со најмногу постигнати голови со 109 гола.