Њукасл во јануарскиот преоден рок треба да донесе неколку нови имиња а во исчекување на истите, фановите на „Сент Џејмс Парк“ на вчерашниот меч со Манчестер Јунајтед имаа порака до Кристијано Роналдо.
Како што е познато, клубот од северот на Англија има богати сопственици, па фановите му порачаа на Португалецот да се пресели кај нив.
Во секој случај навивачите на Њукасл очекуваат нивниот тим во пролетниот дел од сезоната да биде драстично засилен во битката за опстанок.